Албанската опозициска партија Беса во изјава за медиумите вели дека Талат Џафери го повлекол законот, со кој мора да бидат осудени сите функционери и бизнисмени од власта на СДСМ и ДУИ, кои Соединетите Американски Држави ги ставија на „Црната листа“. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ пренесува: Од Беса велат дека „бргу ѝ паднале маските на ДУИ“.
„Се покажува дека техничкиот премиер Талат Џафери решил технички да ги спаси криминалците, кои се потврдени и од САД. Се докажува и уште еден факт: дека Талат Џафери е секогаш таму каде што мора да се штитат ДУИ и нејзиниот криминал. Кога требаше во Собранието да се блокираат закони во интерес на ДУИ и на штета на Албанците, Талат Џафери беше таму. Тој треба сега и во Владата да ги брани криминалот на ДУИ.“ – се вели во реакцијата на Беса.





