Нов случај ,,Пишман аџија” во владата на СДСМ и ДУИ

Нов случај на ,,Пишман аџија” односно на премислување за одреден закон или политика во владата на СДСМ и ДУИ.



Владата деновиве ги повлекла од парламентарна процедура измените на Законот за рестриктивни мерки со кои ,,Црната листа” на САД би станала дел од домашниот законски систем.

Од владата велат дека измените на законот, кои претходниот премиер Ковачевски ги потпиша последниот ден пред да замине од функцијата се повлечени од собраниска процедура од административни причини.

„Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада административно оди на ново одбрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието“,соопштија од Владата.

Измените на законот не беа поддржани од техничкиот премиер Џафери и од министерството за правда, а беше критикуван од од правните експерти за кои предлогот не е во согласност со Уставот.

За најавените ретриктивни мерки, во изјава за Гласот на Америка на македонски, од американскиот Стејт департмент велат дека силно ги поддржуваат напорите на Македонија да бара одговорност од оние што ја злоупотребуваат довербата на јавноста за лична корист.

„Иако не коментираме за законодавството што се очекува, ние поздравуваме и силно поддржуваме какви било и сите напори за истрага на наводни коруптивни криминални активности и да се повикаат на одговорност оние кои ja злоупотребуваат јавната доверба за лична корист“, велат од стејт департментот..

Поради вмешаност во корупција, САД во текот на изминативе две години на „црната листа“ ставија повеќе бизнисмени и политичари како поранешниот премиер Никола Груевски и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.