Педесетина затворенички потпишале на петиција и поставија ултиматум, ако директорот не ги поправи условите во затворот – ќе стапат во штрајк со глад, јавува Сител.
Тие велат дека две недели живеат во нехумани услови, во мувла и влага, меѓу ладни ѕидови и без топла вода, и за „Сител’ обвинија дека во затворот се прави геноцид .
Петицијата стигнала до Управата на затворот, а директорот Зоран Јовановски за Сител вели барањата се процесуираат, а за моменталната ситуација вели дека станувало збор за дефект кој бил саниран.
Во Идризово моментално се сместени 1.216 затвореници, од кои 70 се жени. Затоа Јовановски бара надлежнте да не се залагаат само декларативно за подобрување на условите во затворот, туку и вистински да се зафатат со работа.
Засега нема ништо ниту од ветувањата на министерот Лога за изградба и на нови капацитети во Идризово.
Дополнително, и покрај катастрофалните услови во кои се сместени затворениците, државата скратила дури 15 отсто од буџетот за оваа година наменет за затворите.






