Оружје и муниција откриени во куќа во гостиварско село

При претрес на дом и други простории кај лицето Е.Ф. (23) во с. Ломница-гостиварско поради пронајдено е оружје и муниција, информира МВР.



По добиена судска наредба, при претресот полицијата, кај лицето С.Ф. (татко на Е.Ф.) пронајде и одзеде две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловечка пушка.

Лицата се лишени од слобода во ПС Гостивар, извршен е службен разговор во кој С.Ф. појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со Јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.