„Нема ништо историско во изборот на Талат Џафери како технички премиер во * Македонија. Неговиот тримесечен мандат до изборите е исто како да е вработен со договор за дело. Неговиот избор како технички премиер ДУИ го претвора во карта за своите изборни потреби на изборите на 8 мај.“ – реагира Неџат Хазири, новинар и политички аналитичар од Косово, во врска со „историскиот избор“ на Талат Џафери како премиер на техничката влада во Република Македонија. Ставовите на Хазири ги објави косовскиот весник „Бота сот“ во информацијата со наслов „Историски премиер’ / Хазири се огласи против Талат Џафери: Тој е само карта на ДУИ“
Бота сот“ пишува: „Изненадувачки е што цел народ, не само Албанците во* Македонија, туку и во Косово и Албанија, беa восхитени од еден настан, кој има технички, или симболичен карактер и не ја менува позицијата на Албанците во оваа земја. Изборот на Талат Џафери како премиер со тримесечен мандат до тамошните избори е исто како да е вработен со договор за дело.“ – нагласува Неџат Хазири.
Тој го поставува прашањето: „Какво е историското значење на изборот на албански премиер на техничка влада во * Македонија во период од три месеци, а од друга страна албанските ученици се уште не ја започнале новата учебна година во некои села, или општини таму, како што се Идризово, Чашка и во други средини, поради тоа што Македонците не прифаќаат да учат во исто училиште со Албанци?“
Според Хазири, сите функции, кои ги вршеле Албанците досега во * Македонија биле многу повеќе од декоративен карактер. „Сите функции, кои ги извршуваа Албанците во државните институции во * Македонија, досега беа, но и натаму се само декор, а не унапредување на положбата на Албанците во оваа држава. Албанците продолжуваат да бидат дискриминирани во однос на Македонците во секој аспект на животот во * Македонија.“
Овој политички аналитичар заклучува дека изборот на Џафери како премиер е само една карта, која ДУИ се стреми да ја употреби на изборите. „Неговиот избор како технички премиер ДУИ го претвора во карта за своите изборни потреби на изборите на 8 мај.“ – посочува Хазири.





