Таа одлука во пракса на Косовската ценктрална банка значи забрана за употребата на динарот, официјалната валута на Србија која досега се користеше во сите српски општини на Косово.
Платниот промет на Србија во континуитет функционира на Косово и по конфликтот во 1999 во мнозински српските средини, а динарите со посредство на Трезорот на Србија се во оптек во трговијата, српските институции и останатите приватни услужни дејности.
Белград ги обвини властите во Приштина дека со таа одлука се обидуваат да го укинат дијалогот и да го протераат српскиот народ од Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ е уверен дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа и побара од Европската Унија и меѓународната заедница притисок врз Приштина да ја повлече одлуката.
Синоќа се сретна со амбасадорите на петте западни земји – САД, Британија, Италија, Германија и Франција. Но по состанокот беше објавено дека „нема да има никакво соопштение.






