Хода: Само кај нас УЧК се нарекува терористичка! – Дехари: Тогаш испаѓа дека со Владата раководи главниот терорист Талат!

„Ние сме единствена држава, во која УЧК се нарекува терористичка!“ – кажа Бесим Хода, претставникот на Здружението на воените ветерани на УЧК, во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ 21. „Тогаш испаѓа дека со Владата раководи главниот терорист!“ – рече Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево, вториот учесник на дебатната емисија, по таа изјава на Хода.



ТВ 21 пишува: Прашањето на УЧК беше тема на расправата во „Клик Плус“.

Бесим Хода јавно кажа дека ако се постигне во мандатот на Талат Џафери УЧК да се формализира како воена организација, тогаш тој ќе гласа за ДУИ.

„Би бил многу горд … бидејќи ние сме единствена држава, во која УЧК се нарекува терористичка!“ – рече Хода.