Новогодишна честитка до граѓаните од универзалниот снабдувач во заминување. Високите сметки за струја непријатно ги изненадија граѓаните. Пред камерата на МТВ се пожалија дека мора да кратат на храна, за да ги подмират режиските трошоци, односно да ги платат јануарските фактури. Некои од нив велат дека сметките се многу повисоки од очекуваното 10% зголемување. Министерот за економија нема конкретно објаснување зошто корисниците од првиот и вториот блок, за кои ветуваше дека ќе добијат пониски сметки, добиле безмалку двојно повисоки. Ги повика сите што се сомневаат да се пожалат во Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на струјата на ХУПЕКС берзата, која земјава ја зема за репер во овој период се движи помеѓу 70 и 90 евра за мегават час. Домашниот универзален снабдувач ЕВН Хоум за следните шест месеци ја купува од ЕСМ за 58 евра, што е 40 проценти поевтино од струјата на меѓународните берзи. Таа разлика сега ја покрива државата. Засега е нејасно дали идниот универзален снабдувач ќе добие субвенции. Процедурата за негов избор е во тек, откако на 30 јуни истекува петгодишната лицента на ЕВН Хоум. Покрај неа, на новиот тендер се јавија и грчи ЕДС и државната ЕСМ продажба. Нов универзален снабдувач ќе стане оној, кој ќе понуди најниска маржа.

До 1 јули граѓаните да спијат мирно, а потоа се ќе зависи од берзанската цена на струјата за домаќинсвата. Според Законот за енергетика, цените се одредуваат два пати годишно. Паралено, Министерството за економија ќе доделува ваучери за купување и инвертер клима уреди во вредност од 25.000 денари. Инаку, во трката за нов универзален снабдувач со струја се три компании од кои веќе се пристигнати понуди. Постапката е во тек, а до крајот на април ќе биде донесена соодветна одлука согласно законските рокови.





