Индустријата во пад за 5,8% за разлика од лани, што ги кочи бизнисите?!

Индустриското производство во декември лани  е намалено за 5,8% во  однос на истиот месец претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според податоците, кумулативно за периодот  јануари – декември лани со претходната година забележан е раст од само 0,7%. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи опаѓање од 3%, во секторот „преработувачка индустрија опаѓање од 3,2 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 23,2 %.



Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи,  облека, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, на производи од гума и производи од пластични маси, како и на неметални минерални производи и производство на електрична опрема. Според главните индустриски групи, производството во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23,9 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 9,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4 проценти, додека пораст има кај Капитални производи за 22,6 проценти