Колку милиони тони тутун дремат во амбарите на производителите?!

Тешко на тутунарите годинава. Дел од нив го бојкотираат откупот на тутунот, поради како што велат, ниска цена од 330 денари за килограм. Во Прилепско се очекува да се зголеми интензитетот на откупот на тутунот откако денеска откупната фирма „Пашоски“ од Демир Хисар потпиша анекс на договорите за цена од 365 денари, вели Јане Станкоски, директор на државниот земјоделски инспекторат.



Досега се откупени преку 8 000 тони тутун по просечна цена од 330 денари за килограм. Тоа е нешто повеќе од половината откупена реколта. Полека се интензивира откупот во пелагонискиот регион и очекуваме така да биде во наредниот период. Тоа е впечатокот од денешната контрола на теренот и на откупните пунктови во Пелагониско. Посебен стимул сметам дека е одлуката на откупувачот „Пашоски“ кој од денеска ги зголеми цените на 365 денари за килограм. Освен тоа, откупувачот нагласува дека ќе им се доплати до оваа цена на сите што досега го донеле родот за откуп, изјави телефонски Станкоски.

Според Инспекторатот, досега нема пријавено неправилности во откупот на тутунот кој официјално трае до крајот на февруари. Ланската реколта која сега се откупува се проценува на 13 000 до 15 000 тони тутун. Тие бараат да им се плати за трудот, а дел од компаниите начелно се согласиле на ваквото барање, односно откупната цена да им се зголеми за 30 денари. Рокот за откуп е до крајот на февруари, а досега од произведените 15-тина милиони тони , што е енормно намалување споредбено со минатата година, откупени се само 7 милиони килограми.

Дополнителниот заменик минстер за земјоделство, Цветан Трипуновски, веќе имал средба со откупувачите, и верува во надминување на ваквите проблеми. Доколку продолжи ваквиот тренд на намалување на производството на тутун, тогаш оваа гранка ќе биде доведена на раб на егзистенција, апелираат од Националната земјоделска мрежа. Нивниот став е дека откупната цена на тутунот да биде многу повисока од досегашната.

Инаку, во Македонија има околу 100 илјади производители на тутун, а нивниот број од година во година забрзано се намалува. Младите веќе не се заинтересирани да произведуваат тутун, а селата се празнат и нема кој да ја одржува оваа гранка, велат од Националната мрежа.