Јанушев: По 7 години се чувствувам како слободен граѓанин на Македонија

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ објави дека, по битка од седум години низ судските лавиринти, на Фејсбук објави дека конечно се чувствува како слободен граѓанин на Македонија.



Против поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и екс-директор на ЈСП, Игор Јанушев, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и уште две лица беа покренати обвиненија за набавката на кинеските автобуси. Тие се товареа за злоупотреба на службена положба и овластување при склучувањето договор во 2010 година за купопродажба на автобусите во износ од 35.425.410 евра.