Хајредини: ДУИ нема да бира средства за да остане на власт

Аналитичарот Џевдет Хајредини со свое видување за „техничата влада“ и со „прогноза дека владејачката ДУИ може да се распадне доколку претрпи пораз и не биде дел од владата по претстојните избори.
„’Технички’ премиер само за 100 дена стана Талат, кандидиран од ДУИ со само 10% од пратениците во Собранието и со поддршка од пратениците на уценетиот СДСМ.
Ништо добро не треба да се очекува од “техничката” Влада, само исходот од изборите за сите партии нема да биде ист.
ДУИ, ако изгуби, ќе се распадне. Затоа нема да бира средства за да остане на власт.
Другите ако не победат, ќе останат кај што се.“ вели Хајредини.