„Политиката пред 2001 беше монополизирана околу еден етникум, институциите беа приватизирани и се друго само од една заедница. Албанците беа надвор од секој тек и од секое одлучување. Но, повеќе не важи идејата идејата Албанците да бидат оставани настрана. Ние сме веќе насекаде, дури го имаме и албанскиот премиер на * Македонија. Македонските политичари повеќе не можат да ја дефинираат политичката волја на Албанците.“ – изјави министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи во емисијата „Дебатно катче“ на ТВ 1. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Политико.мк“.
„Политико.мк“ пишува: Османи рече дека Охридскиот договор успеал да го скрши табуто за пристојната институционална застапеност на Албанците. Според него, пред една деценија на Албанците им биле забранети многу државни функции за Албанците, но оти е сега достигната врвната точка на успехот, бидејќи * Македонија го има првиот албански премиер.
„Политиката пред 2001 беше монополизирана околу еден етникум, институциите беа приватизирани и се друго само од една заедница. Албанците беа надвор од секој тек и од секое одлучување. Тие беа само продавачи низ пазарите и ништо повеќе. Со Охридскиот договор беа скршени многу табуа, државни позиции со години им беа забранувани на Албанците, но полека ги урнавме тие правила, тие идеи Албанците да бидат држани колку е можно подалеку од овие важни позиции… Албанците станаа министри, директори, заменици, претседател на собрание и сега го имаме албанскиот премиер. Нашите напори не застануваат тука, продолжуваме затоа што не сакаме * Македонија да отстапи од овој дух на мирот и од добрите меѓуетнички односи“ – нагласи Бујар Османи.
Според него, „македонските политичари не можат да ја дефинираат политичката волја на Албанците“. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ не може повеќе да ја дефинира нивната политичка волја. Помина тоа време, не сме повеќе во некогашната Југославија, повеќе тоа не функционира, бидејќи Албанците веќе одлучуваат самите за себе. Жал ми е што албанската опозиција се доближува до македонската опозиција и стануваат нивен портпарол. Некои Албанци сега се согласуваат со идеите на една македонска партија, која вели постојано дека Албанците добиле повеќе отколку што треба…“ – посочи Бујар Османи во споменатата емисија на ТВ 1.





