„Охридскиот рамковен договор, постигнат со пролеаната крв на мачениците на УЧК во 2001 година, му го даде легитимитетот на Талат Џафери, командантот на 116 бригада на УЧК, да биде албански премиер на * Македонија. Тој е премиер на една земја, во која има свое албанско националн ознаме како официјално. Џафери е премиер, кој има 2 илјади албански полицајци и 2 илјади албански офицери и подофицери.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа во емисија во емисијата на Радиотелевизија Косово „Приме“ во врска со изјавата на Беким Ќоку за изборот на Талат Џафери како премиер кажа дека тој не е запознат со националната и политичката дејност на Талат Џафери, па затоа упатува неосновани обвинувања. Изјавата на Ахмети ја пренесоа „Алмакос“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и во Балканот.
Оваа реакција на лидерот на ДУИ Ахмети претставува негово спротивставување, или можеби и влегување во судир со косовскиот премиер Албин Курти и владејачката партија Ветвендосје – Самоопределување во Косово, чиј лидер е Курти. Бидејќи, Беким Ќоку е официјално политички советник за Македонија на Курти и официјален претставник на Ветвендосје – Самоопределување за Македонија.
„Талат Џафери како министер за одбрана им оддаде почит на гробовите на мачениците од УЧК во 2001 година, тој е командант на Бригадата 116 на УЧК, него крвта на мачениците го направи премиер, а по повод војната во Косово беа пролеани во американската амбасада во Скопје, нарекувајќи го Талат Џафери како нелегитимен. Легитимитетот на Талат Џафери му го даде Охридскиот мировен договор, кој е постигнат со крв. Џафери е премиер на една земја, во која има свое албанско национално знаме како официјално, исто така, и албанскиот јазик е официјален. Талат Џафери има три универзитета на албанскијазик. Тој е премиер, кој има 2 илјади албански полицајци и две илјади албански офицери и подофицери. Талат Џафери раководи со Албанците во Македонија и е претставник, кој ќе ги брани со достоинство интересите на државата и на граѓаните на * Македонија. Верувам дека и Беким Ќоку ќе размисли, иако не ја знае дејноста на Џафери.“ – кажа Али Ахмети во емисијата на РТВ Косово синоќа.





