Бојан Миовски стигна до својот 18. гол во сите клупски натпреварувања во кои настапи сезонава, со што го израмни ефектот од целата мината, погодувајќи од пенал во ремито 1:1 на Абердин против Данди на домашен терен во заостанатиот натпревар од 9. коло во шкотскиот Премиершип.



Фудбалскиот репрезентативец на Македонија ги доведе во водство „донси“ со реализираниот удар од белата точка во 31. минута, но неговиот клуб на крајот мораше да се задоволи само со бод против директниот ривал за плејофот, останувајќи два бода зад моментно последниот тим на позиција што води во разигрувањето на титулата.

Единаесеттиот првенствен погодок го издвои 24-годишниот штипјанец на второто место на листата на стрелците. Пред него е само Шкотланѓанецот Лоренс Шанкланд од Хартс со 14.