Со став „рано е за тоа“ Ахмети против договарањата на Курти и Коњуфца со албанската опозиција за „албански државен претседател на Р*М“

„Рано е за идејата за албански претседател.’ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој денес, на 30 јануари 2024, се наоѓаше, исто така, во Приштина. Но Ахмети не учествуваше на средбата на претседателот на Владата на Косово Албин Курти и претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца со лидерите на албанската опозиција од * Македонија Билал Касами од Беса, Изет Меџити од Демократското движење, Африм Гаши од Алтернатива, како и со лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.’ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „И Ахмети во Приштина: Рано е за прашањето за албански претседател“.



ТВ 21 пишува: „Својот став дека е ‘се уште рано’ Македонија да добие „албански претседател“ Али Ахмети го изнесе, учествувајќи во емисија на една телевизија во Приштина. Од кабинетот на косовскиот премиер Курти соопштија дека на споменатата средба лидерите на албанската опозиција предложиле да се настапи на претседателските избори во * Македонија со Албанец како нивен заеднички кандидат.“