Новинарот Борјан Јовановски доби закани по личната безбедност откако на социјалната мрежа Твитер објави пост во кој го спомена оперскиот пејач Игор Дурловски.
“Дурловски се обраќа на митингот на Тврдокорните во Атина”, напиша Јовановски алудирајќи на говорот на Микис Теодоракис на протестите против името Македонија во Атина.
Дурловски беше еден од лидерите на протестите за “Заедничка Македонија”, поради што помина над 40 дена во притвор за настаните на 27 април.
Композиторот Теодоракис е еден од најфанатичните бранители на позицијата за “Грчка Македонија” кај јужниот сосед.
Заканите кои што ги доби Јовановски доколку ги пријави во МВР може да донесат казни за тие што ги упатуваат.






