И владината седница Џафери ја отвори на албански

– Отворањето на седницата на почетокот ќе го водам на двата јазика, нема потреба од слушалки, зашто ќе го кажам истото. Ви посакувам добредојде во владата на Северна Македонија на првата конститутивна седница на преодната влада на Северна Македонија. Пред да преминеме на усвојување на дневниот ред, на сите членови на владата, во мое лично име би сакал да ви честирам на изборот и да ви поскаам успешна работа и соработка. Пред нас е една клучна задача – подготовка на фер и слободни избори во демократска атмосфера. Во тоа имаме обврска да соработуваме и со Собранието и со ДИК, и со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, со ЕУ и САД за да обезбедиме највисоки европски стандарди во изборната кампања и самите избори за граѓаните слободно да ја изразат својата волја им се обрати Џафери на министрите.