Отец Пимен преку својот профил на „Фејсбук“ им се обрати на свештениците на Грчка православна црква што дадоа поддршка и активно учествуваа на денепниот митинг во Атина против зборот „Македонија“ во името на северниот сосед на Грција.



„И сега, браќа архиереи од ГПЦ, да ве прашам на денешен:
Ќе стоите ли и на портите на Рајот ако Господ Бог одлучи да нè прими во Царството Небесно, како денес што стоите на ‘Синтагма’ и не нè сакате во ЕУ?
Ќе роптате ли против таткото како што во денешното евангелие негодуваше другиот брат на враќањето на својот блуден брат?
Сте читале дека ни желбата, ни одлуката е ни ваша, ни наша, дури и за паѓањето на едно влакно од нашата глава.
Ајде, иде Прочка, па белким и ум и покајание топтан!“, напиша митрополитот на европската епархија на Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), илустрирајќи го постот со камион за смет.