„…на шалтерите ќе работи само по едно лице кое ќе прима само документација и ќе нема исплати на капитацијата за матичните лекари, за лековите за аптеки, за плати во јавно здравство, како и другите услуги“, најави Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ доколлку се оствари препораката на Владата за намалување на платите во ФЗОМ за 21 проценти.
Денеска Управниот одбор на ФЗО по шести пат ќе се долучува за препораката на Владата од 9 јануари 2024 година.
Претседателот Аџигогов на својот фејбук профил многу глевно објасни што се тие работат додека се размислува за намалување на нивната плата. Притоа откри и дека не се префрлени пари за задравствено осигурување за пензионерите и за невработените.
„Тоа значи нема рецепти за лекови, упати за прегледи. Поради неплатени придонеси за нив, „од шупље у празно“, вработените прават гимнастика, само да се пуштат плати за јавно здравство, капитација за примарно, буџети за приватно, лекови во аптеки“, предупреди Аџигогов.
Тој вели дека вработените трпат психичка тортура, затоа што не знаат дали ќе им се намали платата за 21 процент.
Доколку се усвои препораката ќе бидат засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, според Аџигогов, 25 проценти ќе добиваат плата со износ под минимална плата, а една нчетвртина од вработените и под минималната плата.






