Земјоделците во Франција, најголемиот земјоделски производител во Европската унија, се жалат на нелојалната пазарна конкуренција од конкурентите од земјите со послаба регулатива. Некои синдикати на земјоделци ги повикаа демонстрантите да направат блокади околу главниот град денеска.



Најавено е дека повеќе од 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција.

„Нашата цел е да го опкружиме Париз“, изјави фармерот Даниел Фошо за телевизијата BFM додека се подготвуваше да отпатува за Париз во конвој возила и трактори.

Полицијата објави видеа на кои се гледа како оклопни полициски возила заземаат позиции.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дармин рече дека мерките се наменети да обезбедат трактори да не влегуваат во Париз, но предупреди на прекин на сообраќајот во регионот Ил-де-Франс, кој ги опфаќа Париз и блиските предградија.

Тој додаде дека околу 15.000 полицајци ќе учествуваат во безбедносната операција. Сообраќајот утре во Ил де Франс ќе биде многу отежнат“, изјави Дарманин.