Ова беше одговорот на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на новинарското прашање зошто техничките министри предложени од опозициската партија не се сликаа на заедничката фотографија на техничката влада која ќе ја предводи Талат Џафери.
За улогата на техничката влада тој Димовски во „Отвореното студио“ на ТВ21 додаде
„За да нема злоупотреби, затоа постои Пржинската влада“.
На заедничката фотографија на техничката Влада по нејзиниото изгласување на 141-вата седница ги нема министрите од ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, кои во идните 100 дена ќе раководат со министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика.
Околу плановите на партијата по изборите Димовски рече дека време е интегративците да заминат во опозиција.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ бира со кого да коалицирала, најлесно би коалицирала со ДУИ, затоа што кај ДУИ инетересот би бил да се заштити од криминалите што ги правеле до сега. Но сметам дека е дојдено времето и ДУИ и СДСМ да одат во опозиција“– рече Димовски.






