Прехрамбената индустрија во застој- увезуваме храна за 800 милиони евра годишно

Заклучно со ноември 2023 година за увоз на храна и живи животни сме потрошиле речиси 886,8 милиони евра. Државниот завод за статистика, кој деновиве ги објави податоците за 11-те месеци од минатата година, пресмета и дека вкупниот увоз во земјава заклучно со ноември изнесувал 10,2 милијарди евра, што значи дека уделот на храна изнесувал 8,7%.
Според податоците, за 10 години (без еден месец), почнувајќи од 1 јануари 2014 и завршувајќи со 30 ноември 2023, Македонија за увоз на храна потрошила 6,67 милијарди евра.
Видливо е дека до промена на власта од 2017-та година сме имале увоз на храна за 554 милиони евра годишно, тој увоз со промена на власта постојано расте за во 2023-та да се качи на 886 милиони евра, пренесува Вечер.мк
Податоците зборуваат дека и во годините кога имавме ниска инфлација, речиси секоја година увозот одел нагоре повеќе десетици милиони евра, освен во 2020, кога се намалил во однос на 2019, кога се бараше килограм пченица и литар масло за јадење повеќе, затоа што поради пандемијата имаше проблеми на глобално ниво со снабдување со храна и земјите производители почнаа да си прават свои залихи и да воведуваат забрани за извоз.

https://vecer.mk/makedonija/vlada-ja-ubi-prekhrambenata-industrija-uvezuvame-khrana-za-886-milioni-evra-godishno-e2551c62-ea8a-4e12-8343-25e92f98d39c