Го донесоа за пропаганда а тој им кажал дека се слаби и не работат за Албанците (ВИДЕО)

Што изјавил новинарот Батон Хаџиу кој вчера беше присутен на изборот на Таљат Џафери за технички премиер, пред неколку години?



Тој вчера беше дел од пропагандната операција на ДУИ која сака да покаже моќ со тоа што добива технички премиер.

Хаџиу вчера се возеше со службени возила на владата на Република Македонија и учествуваше во пропагандата на Груби а претходно, мислејќи на раководството на ДУИ, збореше дека тие што се платени од Белград се присутни во салата каде што се избира премиер на Отворен Балкан.

Според водечкиот косовски новинар функциите за луѓе на Ахмети се за политички поени на ДУИ а не за правата на Албанците.

За Хаџиу ДУИ сега не е моќна партија затоа што кога е моќна тогаш таа не бара функции.

“Албанците не се народ со кој секогаш можеш да си играш со проценти во устав со тоа што им броиш 20% за на власт и им нудиш премиерско место на 100 дена за технички прашања. Албанскиот народ никогаш не бил сервилен и никогаш нема да биде сервилни на матрапази, бидејќи ни овие луѓе не веруваа во оваа идеја.

Албанскиот премиер може да биде и политичар, условувајќи ја секоја македонска партија да не учествува во ниедна влада доколку на Албанците не им се даде тоа што го бараат, па дури и функцијата претседател на парламентот и премиерот.

Со оглед на тоа кога ДУИ е најслаба во однос на поддршката, бидејќи кога ДУИ имаше апсолутно непоколеблива моќ, тие не беа заинтересирани за позиции.

И функцијата претседател на собранието и таа на премиерот се за политички поени на ДУИ, а не на Албанците”, вели Хаџиу за ДУИ во постара изјава.

Извор

https://fb.watch/pTcbrNBM5S/?mibextid=Nif5oz