Раководството на Алијансата за Албанците деновиве е под жесток притисок да остане во јатото на СДСМ и ДУИ.
Партиски извори во владеачката коалиција тврдат дека лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари деновиве е под жестока пресија да ги избере сегашните коалициони партнери Али Ахмети и Димитар Ковачевски за идни политички партнери.
Во разговорите за иднината на Алијансата според добро упатени извори имало ветувања, молби, благ притисок но и солзи за наводна катастрофа на албанските интереси во Македонија доколку Алијансата не ја спаси владата на ДУИ и СДСМ со коалиција.
Комуникациите на оваа тема главно се одвивале на релација Али Ахмети – Арбен Таравари – Зијадин Села и Албин Курти а во нив биле давани ветувања дека во идната влада Алијанса ќе добие вицепремиер но биле упатувани и закани дека ако ДУИ пак направи влада Алијанса нема да влезе во неа по ниедна цена.
Индиректно во убедувањето на Алијансата за Албанците учествувал и екс премиерот Ковачевски кој тврдел дека СДСМ и ДУИ имаат поддршка од меѓународниот фактор и дека ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе направи влада ако не освои 61 пратеник.
И покрај тоа што различни извори сугерираат дека меѓу актуелниот лидер на АА Арбен Таравари и екс претседателот Зијадин Села има сериозни разлики сепак двајцата функционери биле во комуникација која гарантира дека ќе биде донесена правила одлика, тврдат членови на раководството на партијата.
Финалната одлука треба да биде донесена најдоцна до среда по консултации со важен фактор за Албанците, велат истите извори.
Фото ТВ21






