Пендаровски ќе одликува 7 истакнати културни уметници

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.



Свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата, најавија од кабинетот на Претседателот. МИА