PortaliX на новинарот Фуркан Салиу открива дека ДУИ цел ден правела пропаганда со ВИП-гости од Албанија и Косово.
Според порталот пропагандата на ДУИ се шири преку блиски портали кои ги кооординира вицепремиерот Артан Груби.
Во видеосторијата „Техничкиот премиер и пропаганда шемата на Артан Груби – Бужала, Февзиу, Хаџиу и Келменди со ВИП-третман во размена за пропаганда?“, порталот „Икс“ ја разобличи денешната посета на познатите водители и уредници од Албанија и Косово на македонското Собрание и нивното шетање со службени автомобили на македонската влада.
ВИП-гости на ДУИ за време на денешниот избор на техничката влада беа: Батон Хаџиу – познат албански аналитичар со потекло од Косово, Адриатик Келменди – новинар на косовската телевизија Клан, Бленди Февзиу – водител на популарното ТВ-шоу „Мислење“ (Опиниони) на ТВ Клан Албанија и Берат Бужала – директор и главен и одговорен уредник на косовскиот портал „Национале“.
Порталот „Икс“ , преку сторија на новинарот Фуркан Салиу, објави дека тие се возат со службени возило од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби.
Според сторијата на „Икс“, гостите прво пиеле виски и пушеле цигари во канцеларијата на Али Ахмети, а потоа седеле во ВИП-ложата во на македонскиот парламент.
„Мислевме дека ДУИ како домаќин само сака да им направи чест на гостите од Албанија и Косово, но испадна добро организиран план за пропаганда. Од утрово Талат Џафери беше придружуван од Адриатик Келменди. Материјалите се споделуваа од портали блиски на Груби, а целата операција ја координираше самиот тој“,
вели новинарот на портал „Икс“, Фуркан Салиу, во денешната видеосторија покажувајќи десетици идентични објави на портали кои важат за блиски до ДУИ.
Пред Собранието, новинарот Фуркан ги праша гостите дали се дојдени на барање на ДУИ и со цел да вршат пропаганда.
Транскрипт на дел од сторијата:
Портал „Икс“: Да ни кажете дали ДУИ ве плаќа да дојдете овде да пропагирате, затоа што овде веќе не им поминува?
Адриатик Келменди: Се брзаме затоа што имаме емисија.
Портал „Икс“: Дали на емисија одите или на некое кафе да славите со Али?
Бленди Февзиу: Како можеш да ме прашаш дали сум зел пари? Не ти е срам да го поставиш ова прашање? Срамота е да се постави ова прашање бидејќи си млад дечко. Срамно е.
Портал „Икс“: Се качувате во службен автомобил.
Бленди Февзиу: Јас не знам каде се качувам, но проблемот е што не можеш вака да поставуваш прашања затоа што си млад новинар. Прашај ме – зошто сум дошол, дали имам некој интерес за тебе, дали сум бил на слични настани.
Целото видео за пропагандата на ДУИ на следниот линк
https://fb.watch/pSwXlmz9n4/?mibextid=Nif5oz





