Али, Трајко, Неџмије, Оливера и балканските музички репресии (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Професорот Трајко Славески одговара на најновите изјави и музички изблици на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој преку Артан Груби објавува видеа со негови музички настапи и се жали дека во младоста бил репресиран.



Славески објаснува дека во времето за кога Ахмети тврди дека бил репресиран во Зајас на кратко растојание од таму ученици Албанци ја слушале албанската музичка ѕвезда која пеела за невозвратена љубов кои ги лечела со виски и вино.

,,𝐉𝐞č𝐚𝐦 Ž𝐞𝐥𝐚 / 𝐄 𝐃𝐞𝐡𝐮𝐫 𝐉𝐚𝐦
𝐎𝐥𝐢𝐯𝐞𝐫𝐚 𝐊𝐚𝐭𝐚𝐫𝐢𝐧𝐚 / 𝐍𝐞𝐱𝐡𝐦𝐢𝐣𝐞 𝐏𝐚𝐠𝐚𝐫𝐮𝐬𝐡𝐚

Денес слушнавме уште една песна од репертоарот на г-динот Али Ахмети, со чаша виски и чад од пура од новиот премиер. Убаво е да се пее (потпевнува). Кој пее, зло не мисли!
Во далечната 1976 година, кога мојот врсник, господинот Али Ахмети, како што кажа денес од говорницата на македонското Собрание, бил наводно репресиран во кичевската гимназија, на околу 60 км југозападно од Кичево, јас и моите соученици (никако репресирани!) етнички Албанци во класот во охридската гимназија слушавме песни во изведба на легендите Оливера Катарина и Неџмије Пагаруша. Али слави со виски, а госпоѓата Неџмије во песната бара утеха за невозвратената љубов во вискито и во виното.
Морам да признаам дека млади луѓе, поборници за независна (Обединета) Македонија, од една страна, како и такви што сонувале за Голема Албанија, од друга, веројатно биле репресирани. Такви биле времињата”, пишува Славески за жалбите на Ахмети.

Песните кои се слушале пред 45 – 50 години