„Честитки до техничкиот премиер, час поскоро да станеш и хидрауличен премиер!“ – оваа „честитка“ преку фејсбук Арсим Синани од Македонија, професор по антропологија во Филозофскиот факултет на Приштинскиот универзитет, му ја упати на Талат Џафери, „првиот албански технички премиер на * Македонија“. Арсим Синани се споменува во албанските медиуми како еден можните кандидати, кој ќе раководи со огранокот во Македонија на косовската владејачка партија Ветвендосје – Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти.
На својот фејсбук профил Синани „порачува“: „Албанците ќе завладеат многу бргу со * Македонија, а опозицијата има должност да ги нападне 1001-те неуспеси на албанските партии на власт. Ни требаат промени, но ни треба и џентлменски договор меѓу двата албански политички блока да не се ослабува албанската национална кауза, заради лични интереси.“
„Започнува битката за битката за промена, или за продолжување на дремежот на албанската национална кауза. Сепак, Албанците ќе завладеат многу бргу со * Македонија, но не со оваа генерација, на која ѝ се местото во музеј. Оваа битка ќе биде без компромис. Ако западнеме во искушение, тоа ќе го одложи процесот.“
„Албанската опозиција во * Македонија во овој момент беше заспана. Ова јасно покажува дека нешто не е во ред со нив. Начинот како опозицијата попушти денес кога партиите на власт деградираа, укажува дека промените во логиката и стратегијата и политичката игра бараат креативност. Денешниот момент не треба да се повтори, туку опозицијата има должност да ги нападне 1001-те неуспеси на албанските партии на власт.“





