Чупеска уште отсега ѝ се заканува на идната, се уште неизбрана Влада дека „ќе ја снема, ако се откаже од евроатлантскиот курс“!

„Секоја влада, без разлика од која провиниенција е, ќе мора да се задржи на евроатлантскиот стратегиски курс и да овозможи национален консензус. Во спротивно нема да ја има.“ оваа директно упатена закана до следната Влада на Македонија, која ќе биде избрана по парламентарните избори на 8 мај, уште отсега ѝ ја упатува Ана Чупеска, професор по политички науки од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и членка на владината Комисија за промена на уставот, во својата колумна со наслов „Погрешна фрула“. Колумната ја објави информативниот портал „Либертас“.



Покрај другото, Чупеска пишува: Се посилни и поаздисани во нашата јавност се евроскептичните гласови. Но, џабе им е: фактички идејно најподржувана политичка платформа е: МКД во ЕУ. ЕУ е најповолниот можен свет од расположливите на лагер и со сите свои маани факт е дека тоа е сепак демократски и мирен свет. Нашата земја ниту географски, ниту вредносно, ниту енергетски не им припаѓа на бриксовците и на БРИКС. Напредокот не сака автократија! Граѓаните сакаат напредок и извесност. Следствено, Македонија не сака во БРИКС.

Земјата наша е во статус на започнати но, поради таквите како вас, закочени преговори и земјата е несомнено дел од Европската Политичка Унија, лансирана во 2022. Мaкедонија веќе се качи на брзата лента на проширувањето. Сега многу е опасно да се симне од лентата, додека таа врти. Сите ние овде, во таа смисла, имаме јавна, државна и морална должност да продолжиме да ја негуваме “стратегиската интимност” со ЕУ и со САД, односно со евроатланската и пред се МИРОВНА И ДЕМОКРАТСКА ПЛАТФОРМА, затоа што спротивното би значело – пат до никаде.