„Пред гласањето за Талат Џафери како прв албански премиер во * Македонија лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека очите на сите денес им светат од радост. Тој кажа дека ако пред 20 години се кажело оти оваа функција ќе ја преземе Албанец, тогаш ќе се рекло дека тој човек не е добро со здравјето.“ – објави ТВ 21.
Во својата славодобитна изјава, интонирана на начин, кој може да се сфати и како провокации насочени кон македонскиот народ, првиот „интегративец“ рече: „На сите, што ги сретнав досега, им светат очите од радост, на министрите и замениците-министри. Ова е навистина ден за радост. Не е мал успех четврт век тоа што по 25 години Албанците се искачуваат на врвовите на институциите и во раководењето до државата. Со национални симболи, со универзитети, со вистински, но и успешни функции. Да му кажевте на некого пред 20 години дека тоа ќе се случи, сите ќе велеа, треба да одите на невропсихијатриско лекување и на терапија, ќе велеа дека оваа личност не е добро. Но ова се настани, кои веќе се случија, тоа се веќе вистинити настани.“ – изјави Али Ахмети.





