Демонстранти кои бараат право на здрава и одржлива храна, тврдејќи дека земјоделскиот систем е болен, ја полија со супа сликата на Мона Лиза во Париз.
Сликата на Леонардо да Винчи од 16 век е едно од најпознатите уметнички дела во светот и се чува во Лувр во Париз.
Таа се наоѓа зад стакло отпорно на куршуми, и веројатно не е оштетена.
Во 2019 година, музејот соопшти дека инсталирал попроѕирен облик на стакло отпорно на куршуми за да ја заштити.
Три години подоцна, активист фрли торта на сликата, повикувајќи ги луѓето да мислат на Земјата.
Мона Лиза се наоѓа зад сигурносните стакла од почетокот на 1950-тите, кога била оштетена од посетител кој ја полил со киселина.
NEW – Climate radicals attack the Mona Lisa painting in the Louvre Museum, Paris.pic.twitter.com/OP3AGiNe0W
— Disclose.tv (@disclosetv) January 28, 2024





