„Градоначалникот на општина Тетово и лидер на опозициската партија Беса Билал Касами изјави дека решението Талат Џафери да биде премиер на техничката влада е најлошиот избор, што можела да го понуди ДУИ.“ – пренесе ТВ Алсат.
ТВ Алсат објави: „ДУИ понуди најлошо можно решение, иако можеше да избере други луѓе како добри решенија. На важни функции на ДУИ 20 години останаа најкорумпираните луѓе и луѓето, кои ѝ и нанесоа голема штета на албанската кауза.“ – посочи Касами.
Касами нагласи дека Џафери додека бил претседател на Собранието се водел од своето его и оти не ги застапувал интересите на Албанците. Според лидерот на Беса и градоначалник на Тетово Беса Касами, недавањето на местото член на Државната изборна комисија за албанската опозиција беше личен инает на Талат Џафери.





