„Изборот на Талат Џафери како прв албански премиер на * Македонија е многу повеќе од навреда за Албанците, бидејќи тие се наведени како техничка 20-процентна заедница во уставот, а не како Албанци и и тоа е голема дискриминација кон нив. Џафери нема да има никакви политички надлежности за донесување одлуки и ќе биде поставен само формално, колку да се задоволат политичките апетити на албанската партија во власта ДУИ.“ – изјави Фејзи Хајдари, новинар и издавач на албански јазик „Лајм“ во интервјуто за телевизијата „Ора њуз“ од Албанија.
Во дваесетминутното интервју, поставено и на видео-платформата јутуб, покрај другото, Хајдари нагласи: Албанскиот технички премиер е многу повеќе од навреда за Албанците. Утре и официјално ќе се случи формалниот аспект на првиот премиер од 20-процентната техничка заедница во уставот, бидејќи во него Албанците се уште не се наведени во како Албанци, туку како етничка заедница повеќе од 20 проценти. Можете да замислите каква дискриминација имаме овде.
Во ваквите околности ќе се избере Талат Џафери како прв албански премиер во * Македонија, велам со иронија албански, затоа што тој ќе биде технички премиер, а не политички, без никакви политички надлежности. Тој нема да има законски можности да донесе каква било политичка одлука. Ќе биде поставен само формално, колку да се задоволат само политичките апетити на албанската партија во власта ДУИ.





