По кавга, тетовец со нож тешко ранил сограѓанин

Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Д.М. кој е осомничен дека физички го нападнал и со остар предмет го повредил 37-годишниот Ф.И., исто така, од Тетово.



Настанот се случил нешто по 18 часот на улица “Илинденска” во Тетово, а напаѓачот е пронајден и приведен три часа подоцна.

“На повредувањето му претходела нивна меѓусебна вербална расправија, а Ф.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Д.М. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот”, соопштија од СВР Тетово.