Хрватскиот славист и македонист Горан Калоѓера сподели на Фејсбук за својата посета на конзулатот на Република Македонија во Риека, каде што почесниот македонски конзул од 2010 до 2017 година роден на Корчула целиот свој животен век го помина како редовен професор по македонистика и кроатистика на тамошниот универзитет.



„Секогаш е убаво да се види македонското знаме во самиот центар на Риека. Поглед кој радува и ги враќа спомените. Посета на почесниот конзул д-р Делов, еден поправен заб и пријателски разговор во македонскиот конзулат“, напиша Калоѓера.