Национална анкета спровведена на 1.250 возрасни Американци покажа дека околу 67 отсто од анкетираните сметаат дека се „уморни да гледаат исти кандидати на претседателските избори и сакаат некој нов“.
Сепак, само 18% рекоа дека нема да гласаат доколку Бајден и Трамп бидат избор.
Анкетата на Ројтерс/Ипсос,покажа дека момернтално Трамп води со 40% во однос на 34% колку што би гласале за Бајден.
Останатите не се сигурни или планираат да гласаат за некој друг или за никој, покажува анкетата со маргина на грешка од три процентни поени.
Седумдесет проценти од испитаниците – вклучително и околу половина од демократите – се согласија со изјавата дека Бајден не треба да бара реизбор.
Педесет и шест проценти од луѓето кои одговориле на анкетата рекле дека Трамп не треба да се кандидира, вклучително и околу една третина од републиканците.
За Бајден широко е распространето мислење дека со 81-годишна возраст, тој веќе најстариот човек што некогаш бил претседател на САД, и дека е премногу стар за таа работа.
Од друга страна половина го рекоа истото за Трамп, кој со 77 години, исто така, ќе биде меѓу најстарите американски лидери некогаш доколку се врати во Белата куќа.
Нешто повеќе од половина од демократите го сметаат Бајден за премногу стар, додека една третина од републиканците така гледаат на Трамп.





