Еуфорија во Балканот поради „првиот албански премиер во Р*М“: за градоначалникот на Тирана Велијај „ова е нова ера во албанската историја“!

„Градоначалникот на Тирана Ерион Велијај упати честитка до првиот албански премиер Талат Џафери. На својата официјална страница на фејсбук Велијај нагласи дека оваа одлука отвора нова ера не само за Албанците во * Македонија, туку и за целиот Балкан и Европа.“објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



ИНА ја пренесува објавата на Велијај, во која тој истакнува: „Каква голема вест за Албанците! Честитки до мојот пријател Талат Џафери, честитки до претседателот Али Ахмети за ова историско постигање на Албанците!

Првиот албански премиер во * Македонија не дели, туку обединува. Тој отвора нова ера не само во историјата на Албанците, туку и во историјата на * Македонија, ставајќи ја на врвот на земјите во поглед на меѓуетничката хармонија на Балканот и во Европа!