Трамп треба да плати над 83 милиони долари отштета на поранешна новинарка

Суд во Њујорк ѝ додели уште 83,3 милиони долари отштета на поранешната новинарка Е.Џин Керол, по нејзината тужба за клевета против поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесува АП.



Според Керол, тој ја нарушил нејзината репутација нарекувајќи ја лажга откако таа го обвини за сексуален напад во 1990-тите.

Нејзе веќе ѝ е досудена отштета од 5 милиони долари во тој случај.

Пресудата за дополнителните над 80 милиони долари беше изречена во петокот од поротата составена од седум мажи и две жени.

Трамп ја напушти судницата за време на завршните зборови на адвокатот на Керол без да ја слушне пресудата.

Тој повторно ги негираше обвиненијата.

Керол со насмевка реагираше на одлуката.