(Не)владиниот Преспа Институт не и дава шанса на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада

Преспа Институтот кој официјално е невладина организација но реално е алатка на владата на СДСМ и ДУИ за поддршка на владините политики и позиции не и дава речиси никаква шанса на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада.



Прв човек на ова организација која се нарекува институт е Андреа Стојковски кој лани беше избран за специјален владин претставник за невладини организации при ОБСЕ.

Овој (не)владин институт денеска излезе со чудна анализа во која Преспа Институтот преку алатката за истражување и аналитика ЕлектроМетар се обидува да ги убеди граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ не може да направи влада по изборите.

Оваа теза на Преспа институтот е многу слична со тезата на владата на СДСМ и ДУИ според која ВМРО-ДПМНЕ може да победи но нема да направи влада.

Колкав се важноста на оваа анализа покажува и фактот што наводната анализа денеска не е објавена на веб сајтот на Преспа институтот.

Според наводната анализа доколку изборите се одржат денеска, и владејачката коалиција предводена од СДСМ настапи со една листа, а ВМРО-ДПМНЕ со актуелната коалиција, според институтот речиси нема сценарио во кое опозициската партија ќе победи на парламентарните избори.

На ВМРО-ДПМНЕ според метода позната само на институтот во која наводно се користи вештачка интелигенција и се даваат само 4 проценти можност да направи влада што е надвор од умот ако се гледаат сите релевантни анкети.

Во Македонија генерално се гласа за политичка партија, заклучуваат истражувачите. Анализата покажува и дека излезноста на гласачите влијае на резултатите, односно ВМРО-ДПМНЕ имаат сигурни околу 300.000 гласови на изборите, додека пак варира кај СДСМ, колку е помал одзивот на гласачите, толку помалку гласови добива оваа партија, и обратно. Додека ДУИ имаат сигурно гласачко тело.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ прифати уставни измени пред изборите, проценките се дека може да изгуби над 30 отсто од потенцијалните гласови.

Институтот близок на СДСМ вели дека се работи само за првични резултати но сепак објавува дека коалицијата предводена од СДСМ има најголеми шанси да освои најголем број пратеници и да дојде во позиција да го предложи составот на новата влада.

Овие наоди наводно произлегуваат од ЕлектоМетар, истражување и аналитичка алатка за следење на изборите и постапување на гласачите, кое денеска го презентираше Преспа институтот.

Истражувањето наводно покажало дека шансите СДСМ и коалицијата да освојат мнозинство пратеници се 96 проценти, додека ВМРО има само 4 проценти шанси да освои мнозинство пратеници.

Институтот појаснуваат дека ова се првични резултати од истражувањата и не се земени предвид евентуални предизборни коалиции.

Според презентацијата експериментите на Институтот се засноваат на неколку претпоставени ситуации:

 Владината коалиција ќе настапи заеднички со предизборна листа

 Моделот се составува според последната анкета за која имаме податоци во целост, од декември 2023, или 6 месеци пред изборите;

 Моделот се иззема од разгледувањето на сентиментот на гласачите и јавниот дискурс;

 Маргината на грешка на моделот е +/-3,55%.

Каков е тој модел во кој се прави анализа на изборни резултати во кој се исфрлаат ставовите на граѓаните и јавниот дискурс од Преспа институтот не објаснуваат.