„Значи да резимираме, Русија е крива што Артан Груби дели пари на свои соработници и ДУИсти. И Русија е крива оти вакви информации излегоа во јавност со што се нарушува имиџот на Европскиот фронт, оти тие се за Запад, другите се за Исток.
А, на Запад, во развиените земји се цицаат државите к’о да се крави молзници и нема, ама баш никаков проблем во ЕУ или САД кога државни службеници земаат буџетски пари преку нивните невладини“ пишува во објава на Фејсбук дитекторката на Институтот на комуникациски студии Жанета Трајкоска.
„Нека каже меџународната заедница – пишува Трајкоска – сега кој е за запад и да ни упати пак ко на избирачи уште еднаш насока дека мора да се гласа за ДУИ оти тие се Европејци по вредности, а ние сите сме руски пропагатори оти не воНемирува криминалот и корупцијата на власта. На крај, што се пак и 325.000 евра од Буџетот на РМ…плус платичките дробни што ги земаат. Не ситничете и не бидете хистерични!
Да се немало дерме од оваа Русија што е крива за се, па и за оваа ситница на Артан Груби.
“Околу 325.000 евра од државната каса легнале на сметките на невладини организации, во кои голем дел од нивните основачи веќе земаат плата од државата, покажуваат податоците од владината дата база „Отворени финансии“.
До 2022 година, парите за невладиниот сектор ги доделуваше Генералниот секретаријат на Влада.
Со одлука на владата, втора година по ред, државната помош за здруженијата ја прераспределува министерството на првиот вицепремиер, Артан Груби.
Дел од 33-те добитници на државни пари за финансирање на здруженија и фондации од Министерството за политички систем за 2023 година се и нови организации формирани пред помалку од две години и се делумно непознати за граѓанскиот сектор.” – вели Трајкоска.