Димитар Ковачевски пред да ја напушти функцијата, вчера го потпишал и го проследил до Собранието контроверзниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, без претходно да добие мислење од Министерството за правда, пишува „Плусинфо“.
Вакавата одлука е донесена и покрај закон оценките на идниот премиер на техничката влада Талат Џафери, кој смета дека ваков предлог не може да биде дел од македонскиот правен поредок затоа што се коси со Уставот и законите.
Владата на својата 22 седница одржана на 16 јануари, на предлог на Министерството за надворешни работи, дискутираше околу предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки. Притоа, како што соопшти владината прес служба, со консензус, едногласно, „изрази политичка волја да се поднесе закон до Собранието на Република Северна Македонија, којшто ќе биде усогласен со македонското законодавство. Исто така, ќе бидат иницирани измени и на други закони, на коишто ќе имаат одраз измените на Законот за рестриктивни мерки“.






