Ковачевски вели дека ќе биде премиер уште 10 години

„ Апсолутно останувам на ставот што на првото интервју во јануари пред 2 години кажав дека ќе бидам премиер 12 години, значи остануваат уште 10 години“ рече синоќа претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на телевизија Канал 5.



Ковачевски рече дека кога го презел мандатот кажал дека оваа влада ќе го заврши мандатот во целост и дека ќе одиме на редовни избори. „Тоа и се случи и еве го остваривме нашиот мандат така како што е предвидено со закон и после 2006 година прв пат имаме редовни избори“.

Премиерот во оставка вели дека на парламентарните изборите „ќе имаме над 61 пратеник, можеби и над 70 пратеници и тие ќе ја формираат новата проевропска влада на 8 мај.

Оваа коалиција која што ја гледате, СДСМ има свои коалициски партнери меѓутоа имаме и коалициски партнери со кои што ја формираме владата“. рече ковачевски.