Што чекал министерот Оливер Спасовски да ја апси криминалната банда од Грчец до последен ден на функција.
Ова е прашањето на кое одговор бараат полициски професионалци со огромно искуство во МВР кои инсистираат на анонимност поради страв од политички реваншизам од Спасовски.
Тие тврдат дека Оливер Спасовски намерно чекал полициската акција да биде изведена утринава со политичка агенда.
Според професионалците кои претходно за слични теми ја критикувале и екс министерката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски чекал за акцијата да се случи на последниот ден пред неговото заминување од МВР со цел на јавноста да и остави добро сеќавање за неговата работа.
Проблемот според полициските службеници е што со чекањето Спасовски дал време дел од сега избеганите да добиле информации дека се подготвува акција.
Само 7 од 16 осомничени криминалци се уапсени а другите се во бегство.
Посебен проблем за полициските службеници кои го обвинуваат Спасовски дека чекал од политички причини е фактот што еден од важните пакети информации за криминалната група е добиена уште пред 5 месеци.
Зошто Спасовски чекал 5 месеци по информациите од пријателката земја членка на ЕУ и НАТО е прашање на кое тој еден ден ќе мора да одговори, се надеваат полициските службеници кои го обвинуваат Спасовски дека за политички поени организирал полициска операција на денот на негово заминување од позицијата министер.






