ДУИ обвинува фракција во СДСМ – Камерите во џипот на Дрин даваат целосна слика за случајот со внукот на Али Ахмети (ФОТО+ВИДЕО)

Камерите во џипот на Дрин Ахмети можат делумно да го расветлат случајот со внукот на лидерот на ДУИ, тврдат членови на ДУИ кои откриваат дека во Лендроверот на уапсениот за пренос на пиротехнички материјали имало систем од камери кој можат точно да каже што се случувало при апсењето.



Во моментот на апсење Дрин мислел дека е предмет на киднапирање и затоа го вклучил системот на камери кои снимале се што се случува околу возилото, тврдат изворите во ДУИ кои велат дека овој случај има директно влијание на обидот на СДСМ да оди заедно со ДУИ на заедничка пратеничка листа на изборите.

За овие камери и видеата од нив зборуваат и блиски роднини на Али Ахмети и внукот Дрин кои најавуваат дека наскоро можат да ги објават видео материјалите со цел да се докаже дека Дрин бил следен пред да биде уапсен.

Во ДУИ преовладува мислењето дека апсењето на Дрин Ахмети е направено по нарачка на едно крило во СДСМ кое не се согласува Мала Речица да ги води сите процеси во државата особено во делот со државните тендери.

Од таму најавуваат дека тие што го нарачале апсењето на Дрин наскоро се се соочат со правдата а дел од таа битка преку парвосудните институции ќе бидат и снимките од џипот на внукот на Али Ахмети со албански регистарски таблички.

Зошто овие снимки не се дел од истрагата на Јавното обвинителство засега не знае никој.

Семејството на Дрин Ахмети би ги дало видеата доколку тоа биде побарано од нив од страна на обвинителството но засега никој истите не ги барал.

Дрин Ахмети по апсењето за дело за кое може да заврши и до десет години в затвор рече дека пиротехниката била за децата од неговата фамилија и дека истата ја купил легално иако во Македонија е забранета продажба на петарди.

Обвинителството правеше вештачење но досега нема информации до каде е случајот.

Други извори во ДУИ тврдат дека една од причините за минатонеделната средба меѓу Ковачевски, Ахмети и Заев е токму случајот со Дрин Ахмети.

Како снима системот од камери на возилата Лендровер

На денот кога Ковачевски го напушта кабинетот

Фотографија од пред владата со лоша симболика за СДСМ и ДУИ (ВИДЕО)