Иранската полиција уапси 29 жени за време на се на протест против закон со кој се бара жените да се покриваат во јавноста.
Властите соопштиле дека жените биле „измамени“ да ги тргнат шамиите под влијание на пропагандна кампања од Иранци кои живеат надвор од земјата.
Правилата за облекување на жените во традиционалниот хиџаб се воведени по иранската револуција во 1979 година, кога почитувањето на исламските одредби стана задолжително.
Овие одредби диктираат дека косата и телото мора да бидат покриени во јавност.




