Највисока казна од 14 години затвор Судот денеска му изрече на возачот на автобусот на „Дурмо турс“, Мануел Трифуновски, на денешното завршно рочиште за сообраќајната несреќа кај Ласкарци во која п0ред речиси пет години загинаа 16 лица, а 30 беа повредени.



Првообвинетиот Дурмиш Белули, сопственик на фирмата превозник доби 4 години затвор, додека на управителот на правниот субјект Ремзи Мифтари, како второобвинет, Судот му одреди казна од 6 години затвор.

На тројцата обвинети, Игор Ѓеоргиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски вработени и раководни лица во станицата за технички преглед, кој исто така бил во сопственост на фирмата на Белули, Судот им изрече казна од 5 години како и забрана за вршење на професијата од 5 години за секого.

Пресудата ја изрече судијката Диана Груевска-Илиевска која престедаваше со судечкиот совет во предметот.

Автобуската несреќа се случи на 13 февруари 2019 година.