Димитар Ковачевски денеска претпладне во 11 часот ја поднесе оставката до Парламентот. Откако ќе се констатира на собраниска седница утре, Ковачевски и целиот негов кабинет ќе бидат во оставка. Функцијата, ќе ја врши до недела, најдоцна до поллноќ кога треба да се изгласа новата техничка влада.
„Талат Џафери е искусен во водењето на парламентот, јас дојдов со друго искуство, во водење корпорации и имаме различен стил како политичари, но државата сигурно ќе го задржи истиот правец, прозападната ориентација и стратешките цели, техничката влада добро ќе се грижи за граѓаните. Ова е нешто што е предвидено со Закон, а на 9 мај новата влада ќе ја водам јас и коалицијата која ќе ја однесе Македонија во ЕУ до 2030 година“ – рече Ковачевски пред да му ја однесе оставката на спикерот Џафери.
![]()




