„Помошникот секретар на САД, Џим О’Брајан, со неговите изјави, се надевам ненамерно, ги охрабри високите претставници на владејачките партии, СДСМ и ДУИ (Артан Груби, Бојан Маричиќ, Димитар Ковачевски), да сеат раздор и да го плашат електоратот пред претстојните претседателски и општи избори оваа пролет, со гадна реторика од Студената војна.
Најчевска: Не се точни тврдењата на О’Брајан
Овие гестови не ѝ служат на демократијата и може да го трујат политичкиот и социјалниот амбиент кај нас“, објави на социјалната мрежа ‘Х’ професорот Трајко Славевски обраќајки се до американската амбасада.
„Ве молам запрете ја оваа грда пропаганда пред да биде предоцна“!
Во објавата Славевски претходно вели дека „Се чини дека во крвта на американските демократи е да се закануваат и да го плашат електоратот, и дома и во странство, за време на предизборниот период.
Ов објавата О’Брајан потсетува дека претседателот Бајден, откако заклучи дека „сега е јасно дека Доналд Трамп ќе биде републикански кандидат“, предупреди дека „влогот не може да биде поголем“, велејќи дека американската „демократија“, „личните слободи“ и американската економија „сите се во прашање“…
𝐒𝐜𝐚𝐫𝐞𝐦𝐨𝐧𝐠𝐞𝐫𝐢𝐧𝐠! 𝐇𝐨𝐩𝐞𝐟𝐮𝐥𝐥𝐲, 𝐧𝐨𝐭 𝐟𝐨𝐫 𝐦𝐮𝐜𝐡 𝐥𝐨𝐧𝐠𝐞𝐫.
It seems that it is the US Democrats’ blood to threaten and scare the electorate, both home and abroad, during the pre-election period.
Last night, after the former President Trump had… pic.twitter.com/UN1Tbxx4jP
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) January 24, 2024






