Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното издание на емисијата Топ Тема на Телма им одговори на американските претставници О’Брајан и Ескобар кои притискаат ВМРО-ДПМНЕ да гласа за промена уставот со цел Бугарите да влезат во него.
Уставните измени какви што се сега, рече Мицкоски, под бугарски диктат нема да поминат, откако водителката Снежана Лупевска постави прашање според кое ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе направи влада без поддршка од меѓународниот фактор ако не го смени уставот.
Мицкоски вели дека е непримерно да има странско влијание во внатрешните односи во Македонија.
Овој дел од разговорот е по 43 минута во линкот






